Две недели по писмото, во кое ја изрази својата љубов кон Интер, Мауро Икарди објави слика на социјалните мрежи, посветена на утрешното „Дерби дела Мадонина” со Милан.
Напаѓачот, кој одамна го нема облечено „црно-синиот” дрес поради скандалот со одземањето на капитенската лента и ненадејно се појавија повреда на коленото, објави фотографија на „Instagram“, на која покажува радоста по гол со поставени раце зад ушите, а во позадина е стадионот „Џузепе Меаца”.
Утре Икарди нема да му помогне на Интер против „росонерите”. Сеуште не се знае каква е иднината Икарди во Интер и дали напаѓачот има желба да остане во клубот.