Легендарниот Икер Касиљас денес се врати на теренот и тренираше, јавуваат шпанските медиуми. На 1 мај годинава 38-годишниот голман имаше проблеми со срцето односно инфаркт и му беше препорачано да се одмори од фудбалските оптоваруувања.
6 meses y 3 días que estabais en la taquilla… ✌️ pic.twitter.com/nDtjxfm1lq
— Iker Casillas (@IkerCasillas) November 4, 2019
Шпанскиот голман остана дел од екипата на Порто и не објави крај на неговата кариера, со надеж дека ќе се опорави и ќе игра повторно.
Денес, Икер Касиљас објави на „Твитер“ фотографија од своите копачки со наслов „Бевте во шкафче 6 месеци и 3 дена…“.