Македонската фудбалска репрезентација У-21 во наредниот период ја очекуваат нови два меча во квалификациите за ЕП.
Иако шансите за висок пласман се загубени, во нашиот табор владее оптимизам дека ќе се прекине лошата серија. Прво ќе гостуваме кај Русија на 12 октомври а неколку денови подоцна на 16-ти ќе бидеме домаќини на Гибралтар. Селекторот, Добринко Илиевски кој денеска го објави списокот на повикани фудбалери, вели дека двата меча се специфични.
„Русија ќе биде комплетна бидејќи и требаат бодовите за второто место. Секако дека е голем фаворит. На средбата со Гибралтар очекувам да ги осовиме бодовите и да се реваншираме за поразот на нивниот терен“ изјави Илиевски.