Новиот селектор на нашата фудбалска репрезентација У-21, Добринко Илиевски, започна со формирање на тим во кој ќе бидат активни многу играчи од генерацијата до 19 години која се пласираше во елитните квалификации на УЕФА.
„ Креираме нов тим. Средбите против Србија и Ерменија и на крајот на квалификациите против Русија и Гибралтар, треба да ни помогнат да се врати самодовербата меѓу играчите“ – изјави Илиевски.
Нашата млада селекција У-21 која ги загуби шансите за висок пласман, на 7 септември ќе гостува во Србија додека на 11-ти ќе и биде домаќин на Ерменија.