Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска заминува за Нови Сад, каде в петок ќе го одигра седмиот квалификациски меч за пласман на ЕП. По пет последователни порази, новиот селектор Добринко Илиевски заминува со подмладен тим во обид да ја прекине серијата лоши резултати.
„Оваа наша репрезентација нема комплекси. Без разлика на противникот и серијата лоши резултати, квалитетот е потврден. Ако добро ја вклопиме оваа генерација помлади фудбалери со поискусните, мислам дека не сме без шанси“, изјави за Спортското радио 90.3 фм, селекторот на младата репрезентација, Добринко Илиевски.
Дуелот со селекцијата на Србија е закажан в петок со почеток од 18 часот. По овој меч следната недела во вторник, нашите младинци во Скопје ја дочекуваат репрезентацијата на Ерменија.