Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Илина и Ева под македонско знаме на ЕП во ритмичка гимнастика во Будимпешта
    Домашен микс

    Илина и Ева под македонско знаме на ЕП во ритмичка гимнастика во Будимпешта

    sasoBy saso06/03/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Убави вести стасаа од Геманија, сонот на Илина(16) и Ева(13) Соколовски стана реалност!  Двете наши девојчиња, кои ги собраа сите можни медали по ритмичка гимнастика во Германија, сега конечно ќе ги бранат боите на нашата држава! Илина и Ева под македонско знаме ќе се натпреваруваат на европското првенство по ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Будимпешта!

    И двете се пресреќни, бидејќи сите овие години, колку што се натпреваруваат, иако се со македонски пасош, се натпреварувале за Германија, родени се и живеат таму со семејството.

    -Конечно ми се исполни сонот. Уште кога почнав посакував еден ден да застанам под македонското знаме. Кога ќе настапувам за Македонија ќе ме подржат моите тренерки од Германија, со кој веќе работам 10 години. Во Македонија не постои овој спорт и нема тренери, кој ќе ја исполнат нормата за интернатионални натпревари. Се радуваме со мојата сестра што ке ја представуваме Македонија на балканските, европските и на светските натпревари, ни рече Илина.

    А додека да се случи овој натпревар Илина и Ева стартот на новата сезона го почнаа, секако со медалји. Во јануар Ева имаше пријателски традитицонален натпревар во Боркен, каде го освои првото место. На 11. фебруари во Гутершлох се одржа првата квалификација на сезоната и Ева повторно беше прва, додека Илина го освои второто место. На 19. фебруари Ева се натпреваруваше во Бохум републички традиционален натпревар и повторно го освои првото место.

    А вака е и деценија наназад, колку што двете се натпреваруваат на републички, државни и интернационални натпревари по ритмичка гимнастика во Германија.

    Многу медали ги красат витрните на нивните клубови, недостасуваше само натпревар за матичната земја, бидејќи на секој Македонец желбата е да си ја претставува државата.

    -Навистина сонот ни се оствари да ја представувме Македонија. Веќе се изработуваат потребните документи и пресреќни сме со Ева што ќе бидеме репрезентативки на Македонија! Следува напорна работа, напорен тренинг, но тоа нас не не плаши, вака функционираме уште кога почнавме. Мотивот сега ни е поголем, Македонки сме, со македонски пасош и под македонско знаме ќе се обидеме да ја претставиме во најдобро светло татковината на европската спортска сцена, вели Илина.

    Песната „Кога падна на Пирина“  од „Некст тајм“ беше инспирација на Илина Соколовска за настап на Интернационалниот натпревар по ритмичка гимнастика во Германија и се закити со вицешампионско место.

    Илина и Ева се скопјанки, кои се родeни во Геманија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    КФСМ ја одреди казната за Смилковски

    24/03/2023

    Димевски избран во Координативната комисија за Европски игри Краков 2023

    22/03/2023

    Поп Арсова со нов национален рекорд победи на полумаратон во Грција

    13/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Андреас Кристенсен поради повреда ќе го пропушти следното „Ел Класико“
    • Тухел за договор со Баерн: „Подобар од 18 месеци во Челзи“
    • Саинц го коментираше успехот на Ред Бул
    • Лукаку: можеме и подобро
    • Еспаргаро е хоспитализиран
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.