Илина и Eва Соколовски за прв пат ја претставуваа Македонија на првиот Балкански натпревар во ритмичка гимнастика во Будва.

„За пречекот и организацијата едно големо-браво. Јас и Ева ја знаевме конкуренцијата, знаевме дека најголем успех ќе имаат Романија и Бугарија. За нас беше прв ваков голем натпревар под знамето на Македонија“ – вели Илина.

„Ева си ги мереше силите со 15-16 годишни натпреварувачки, таа беше најмалата на турнирот и единствена што настапи со четири кореографии како и јас – топка,чуневи, лента и хулохоп. Двете не сме задоволни од резултатот кој го направивме. Свесни сме и знаеме колку заслужуваме“ – вели Илина

