Македонскиот кик-боксер, Бобан Илиоски, в петок наспецијалниот настан – „ВАКО Про Арена фајт најтс“, ќе се бори против Берк Дузенли од Турција за титулата светски шампион во К1 до 88,6 килограми.
„Прв пат мојата земја организира таков спектакл. Максимално сум мотивиран за победа. Долго време ја чекам борбата за да докажам дека сум најдобар. Психички и физички сум максимално подготвен“ –вели Илиоски во денешното интервју за Спортско радио 90,3 ФМ.
„Мојот противник има големо искуство и повеќе професионални борби. Станува збор за агресивен кик-боксер кој речиси излегува со отворен гард. Бидејќи и јас сакам таква борба без тактизирање, очекувам „лавовска“ битка. Верувам дека публиката ќе биде задоволна“ – кажа Илиоски во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ кое може да го слушате на следниов ЛИНК.
Големиот спортски настан ќе биде на 26 април во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. На истиот во ревијалниот дел ќе се појават и светскиот првак Димитар Ѓоргиев, потоа Марија Димовска, Викторија Варадинова, Силвио Мировски, Максим Митровски и Нелсон Узеир.

