Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган , би можел да и се приклучи на Барселона во зимскиот преоден рок, објави „Мундо Депортиво“.
Според изворот, тренерот на Барселона Чави е голем љубител на играта на друг фудбалер на „граѓаните“ – Бернардо Силва , но Барселона знае дека ќе биде речиси невозможно да го придобие Португалецот во зима, бидејќи тој е важен дел од тимот на Пеп Гвардиола.
Затоа во таборот на каталонците размислуваат за алтернатива на Португалецот, а таква алтернатива е Гундоган на кого договорот му истекува во јуни 2023 година.
Барселона високо го цени талентот на Германецот и го смета за сестран играч. На 20 натпревари за тимот на Гвардиола оваа сезона, Гундоган постигна два гола, а уште двапати асистираше.