Фудбалерот на Барселона, Рафиња, влегол во жестока расправија со играчите на Бенфика по вчерашниот меч во Португалија одигран во рамките на Лигата на шампионите.
Медиумите на Пиринеите наведуваат дека домаќините му се нафрлиле на Рафиња а во целата ситуација се вклучиле и дел од Каталонските играчи.
Бидејќи несаканите сцени биле забележани и од официјалните лица, лесно може да се случи УЕФА да одреди санкции за дел од инволвираните.

