Натпреварот меѓу Турција и Чешка постави нов рекорд по бројот на покажани картони на еден меч на евро-шампионат.
Судијата Иштван Ковач, имаше полни раце работа и по завршувањето на дуелот кога фудбалерите направија голема мешаница па дел од нив влегоа во неговиот бележник.
Тој на крајот запиша вкупно 18 картони од кои 16 жолти и два црвени. Исклучени беа Чесите, Антонин Барак во првото полувреме и Томаш Хори откако заврши мечот поради агресивно однесување кон противничките фудбалери.

