Еден од најдобрите фудбалери во тимот на Лацио, Чиро Имобиле, направи паралела меѓу сегашниот тренер Симоне Инзаги и Унаи Емери и Јирген Клоп кои му беа тренери во Севилја и Борусија Дортмунд.
„Емери става голем акцент на тактиката. Клоп беше сосема поразличен. Целиот тренинг се одвиваше со топката а играчите беа во постојано движење и не застанаа ниту една секунда“ – вели Имобиле.
„Стилот на Инзаги е повеќе италијански иако ги користи квалитетите и на другите двајца. Работиме многу со топка и правиме тактики“ – потенцира Имобиле. Неговиот тим до прекинот на Серија „А“ го има второто место на табелата со само еден бод помалку од Јувентус.
