Првата ѕвезда на Лацио, Чиро Имобиле, ја продолжи соработката со римскиот клуб до 2025 година, објавија медиумите во Италија.
Напаѓачот на „лацијалите“ постигна 36 погодоци само во претходната сезона во Серија А. Тој од 2016-та откако беше купен од шпанската Севилја, одигра 178 средби за „римските орли“ и постигна 125 голови. Имобиле сега ќе има годишна плата од 4 милиони евра.
Со денешнава информација паднаа во вода надежите на Евертон дека ќе успее да дојде до потписот на Имобиле кој очигледно сака да остане на „Чизмата“.
