Италијанскиот калчолигаш Лацио ќе го продолжи договорот со напаѓачот Чиро Имобиле. Новиот договор ќе биде до 2023 година.
Платата на Имобиле исто така ќе претрпи промени, така што со новиот договор голгетерот ќе добие од 3,2 милиони евра на годишно ниво, што е за 700.000 евра повеќе отколку со стариот договор.
Напаѓачот игра за Лацио од 2016 година, а минатата сезона постигна 41 гол во 46 натпревари за римски клуб во сите натпреварувања.