На 47 годишна возраст почина Марио Ѓурчиновски кој беше дел од структурата на ФФМ и ја извршуваше функцијата координатор за едукација на тренери.
Ѓурчиновски речиси 20 години беше дел од сите наши репрезентации започнувајќи од најмалите возрасни категории.
Тој ја имаше и улогата на технички директор кај сениорите кои направија историски успех за мак-фудбалот и беа дел од Европското првенство 2020 година.