Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»ИН МЕМОРИАМ
    Домашен микс

    ИН МЕМОРИАМ

    dinoBy dino02/09/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Најтрофејниот тренер во борење во историјата на македонскиот спорт и едно од најславните имиња во боречкиот спорт, Насе Насев, поранешен директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) почина денеска по кратко боледување на 80 годишна возраст.

    Насев, роден во Кочани во 1943 година, е еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на Спартак од Кочани, долгогодишен селектор на репрезентацијата на бивша Југославија, а потоа и на независна Македонија.Учесник е на десет Олимписки игри, творец на легендите како Шабан трстена, Шабан Сејдиу и многу други кои ја прославија Македонија и македонското борење, а како спортски директор на МОК, под негово раководство во Сиднеј во 2000 година беше освоен првиот медал од едни ЛОИ за Македонија, Могамед Ибрагимов осбои бронза.

    Носител е на трофеј и златен без на ИОК, во 1997 година влезе меѓу великаните на македонскиот спорт, а во јуни годинава го доби највисокото државно признание од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој го одликуваше со медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмацијата на македонскиот спорт и држава.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Мојсовски ги прими кик-боксерите по успехот во Турција

    21/09/2023

    Почина доајенот на македонското спортско новинарство Александар Стиков

    21/09/2023

    Илина и Ева за прв пат под македонско знаме на балкaнски натпревар во Будва

    20/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Клоп влезе во историјата на англискиот клупски фудбал
    • Фернадеш: Онана е одличен голман
    • Дел од болидите ќе имаат нови делови на трката во Јапонија
    • Хамилтон: се надевам дека ќе биде изедначена трка
    • Севил: Шарапова можеби се подготвува за настап на турнирите
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.