Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ИН МЕМОРИАМ: Почина Слободан Вујчиќ – Брацо, голем пријател на македонскиот спорт
    Фудбал

    ИН МЕМОРИАМ: Почина Слободан Вујчиќ – Брацо, голем пријател на македонскиот спорт

    risteBy riste15/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот спорт загуби голем пријател. По кусо боледување, денеска во Скопје на 70 – годишна возраст почина големиот пријател и помагател на македонскиот спорт, Слободан Вујчиќ – Брацо.

    Како претставник на познатата маркетиншка компанија УФА МЕДИА од Германија, а потоа и на СВ-РСА и на Спорт 5 ги застапуваше телевизиските права на најпознатите македонски екипи и репрезентации.

    Слободан Вујчиќ – Брацо беше долгогодишен спонзор на ФК Вардар во чие време се одиграа и незаборавните средби со ЦСКА Москва, Спарта Прага и Рома. Во време кога ги спонзорираше ФК Работнички и ФК Тетекс овие екипи играа значајна улога во македонскиот клупски фудбал. Беше драгоцена неговата финансиска помош во ФК Македонија ЃП, во ФК Слога Југомагнат, ФК Победа, ФК Борец Велес, ФК Еуромилк, ФК Локомотива…

    Тој помагаше и во ракометниот и во одбојкарскиот клуб Вардар. Од првиот натпревар на фудбалската репрезентација на Македонија во Крањ 1993 година ги застапуваше маркетиншките и телевизиските права, а 2004 година ја донираше целокупната опрема на македонските олимпијци на игрите во Атина 2004 година.

    Познатиот Брацо беше голем хуманитарец, носител е на наградата “Мајка Тереза“, а Скопје и Македонија ги чувствуваше како своја втора татковина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.