Македонската и тетовската одбојка денеска се збогува со својата легенда Владимир Ѓорчески-Ципа, кој на 66. години почина во Тетово. Ѓорчески кариерата ја започнува во Југохром, каде минува две сезони, а потоа пет години е дел од Работнички и пет сезони настапува за Вардар. Интернационалната кариера ја гради во Барселона, Шпанија и грчки Арис. На крајот од играчката кариера повторно играше за Вардар и за Југохром. За репрезентацијата на Југославија има одиграно 48 натпревари. По осамостојувањето на Македонија беше прв капитен на машкиот сениорски национален тим, за кој играше пет години.
Ѓорчески попладнево е погребан во Тетово.
Одбојкарската федерација на Македонија изразува длабоко сочувство до семејството.

