Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»ИН МЕМОРИАМ (Зоран Поповски 1968-2023)
    Домашен микс

    ИН МЕМОРИАМ (Зоран Поповски 1968-2023)

    risteBy riste13/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина новинарот на порталот Спортманија, Зоран Поповски.

    Македонското спортско новинарство денес загуби колега кој во изминативе години беше дел од повеќе спортски редакции, колега кој несебично знаеше да помогне со своето познавање на спортот. Зоран Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како А1, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во Спортманија каде работеше до денес.

    Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година. Во текот на изминатите години беше неколку пати дел од нашата програма како наш гостин со кого ги следевме најголемите фудбалски настани (ЕП и СП) со кого имавме одлична соработка.

    Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.

    Почивај во мир Зоки!

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Поп Арсова со нов национален рекорд победи на полумаратон во Грција

    13/03/2023

    Кошаркарите го подобрија ранкингот

    07/03/2023

    Илина и Ева под македонско знаме на ЕП во ритмичка гимнастика во Будимпешта

    06/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.