Во 88 година од животот почина доајенот на македонското спортско новинарство Ивко Панговски кој речиси половина век ги пренесуваше највозбудливите спортски настани на Радио Скопје.
Панговски имаше многу посебни моменти во неговата новинарска кариера меѓу кои се издвојуваат првиот пливачки маратон во Охрид во 1962 година, потоа најтажниот пренос на Вардар веднаш по земјотресот во Скопје. Тој 30 години беше и стенограф на Тито и присуствуваше на разни затворени седници во владата на СФРЈ.
Панговски известуваше од повеќе европски и светски првенства како и од Олимписките игри. Тој е добитник и на „Златна плакета“ од Фудбалскиот сојуз на Југославија како и на многу други признанија. Ивко Панговски имаше и неколку книги со спортска тематика.