Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Инаки Вилијамс потпиша 9-годишен договор со Атлетик Билбао
    Фудбал

    Инаки Вилијамс потпиша 9-годишен договор со Атлетик Билбао

    risteBy riste12/08/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс, потпиша нов 9-годишен договор со Баскијците!

    Така, фудбалерот, кој минатата недела беше поврзан со Манчестер Јунајтед ќе биде дел од клубот до летото 2028 година. Неговата клаузула за ослободување е 135 милиони евра, така што клубот од „Сан Мамеш“ ќе добие добри пари ако некој сериозно го бара играчот.

    Последниот пат кога Вилијамс го обнови својот договор беше во јануари 2018 година, но интересот за него очигледно ги натера челниците на клубот да ги променат условите на договорот, пред сè, да ја подигнат откупната клаузула.

    „Јас сум многу среќен. Горд сум што продолжувам да бидам дел од овој одличен клуб. Ова е екипата за која сакам да играм, а во Билбао прават се за мене, за што ќе возвратам со работа и труд“, изјави Инаки Вилијамс.

    25-годишниот напаѓач има 204 натпревари за клубот од Баскија во кои постигна 49 голови. 15 од нив ги реализираше минатата сезона, што беше најдобра досега и со кое привлече внимание кон себе.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања

    29/09/2023

    Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.