Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Инцидент по мечот Рома – Аталанта, морало да интервенира обезбедувањето
    Фудбал

    Инцидент по мечот Рома – Аталанта, морало да интервенира обезбедувањето

    risteBy riste06/09/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тензии по завршувањето на натпреварот меѓу Рома и Аталанта, кој синоќа заврши со победа на домаќините од 2:1.

    Според повеќе италијански медиуми, извршниот директор на Аталанта, Лука Перкаси, по последниот судиски свиреж влегол во вербален конфликт со спортскиот директор на Рома, Тони Д’Амико. Наводно, Перкаси му упатил навреди, но Д’Амико не одговорил на провокациите.

    Ситуацијата, сепак, не завршила тука. Според информациите на „Кориере дело Спорт“, Перкаси го следел Д’Амико до паркингот на „Олимпико“, по што морало да интервенира обезбедувањето за да се спречи понатамошна ескалација.

    Причината за тензијата, според италијанските извори, се несогласувањата меѓу двајцата кои траат подолго време. Д’Амико до ова лето беше спортски директор на Аталанта, но потоа замина во Рома, каде што повторно се сретна со Џан Пјеро Гасперини, кој претходно го напушти клубот од Бергамо и седна на клупата на „волчицата“.

    Од Рома, наводно, однесувањето на Перкаси го сметаат за неприфатливо и клубот е подготвен да преземе мерки за да го заштити својот спортски директор. Од Аталанта засега нема официјална реакција.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.