Пет фудбалери на Хајдук биле нападнати од нивните симпатизери од навивачката група „Торцида“ додека се шетале во центарот на градот.
Хрватските медиуми информираат дека инцидентот се случил во близина на седиштето на навивачката група. Се претпоставува дека фановите на сплитскиот тим биле незадоволни од играта и прикажаните партии и затоа влегле прво во вербална а потоа и во физичка пресметка со фудбалерите.
Медиумите наведуваат дека во инцидентот најмногу настрадал интернационалецот од Унгарија, Марко Футач, кој бил удрен во главата и имал видливи повреди околу окото.