Навивач на АЕК (22) загинал во инцидентите што ги предизвикале навивачите на Динамо Загреб во Атина, јавуваат грчките медиуми.
Според нив, младиот човек по здобиените повреди бил префрлен во болница но, лекарите не успеале да го спасат. Во исто време биле хоспитализирани уште неколку лица.
Неофицијалните информации велат дека полицијата привела 96 хулигани од кои најголемиот дел се навивачи на Динамо.