Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше судија на натпреварот меѓу фудбалските легенди и работниците вклучени во изградбата на стадионите на Светското првенство во Катар.
„Да имаме одлична фудбалска ноќ како што видовме претходно повеќе такви на Светското првенство“ -рече Инфантино пред почетокот на стадионот Ал-Тумама во Доха.
Меѓу легендите кои учествуваа на натпреварот беа Кафу, Џон Тери и Кларенс Сидорф. Инфантино беше судија на натпреварот околу десет минути при што даде два жолти картона.