Новиот систем за потврдување на офсајд може да дебитира на Светското фудбалско првенство во Катар. Потврда за тоа доаѓа и од првиот човек на ФИФА, Инфантино.
„На Светското клупско првенство го тестиравме системот и делуваше одлично. Задоволни сме од развојот а конечната одлука ќе ја донесеме непосредно пред почетокот на Мундијалот“ – изјави Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Шефот на судиската комисија, Пјерлуиџи Колина, исто така е задоволен од системот кој треба да им помогне на луѓето во ВАР собата за побрза реакција.

