Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, учествуваше на настанот кој се одржа во седиштето на КОНМЕБОЛ во Парагвај.
„Имаме проблем со расизам во нашето општество кој е многу сериозен. Ќе разговараме за тоа на Конгресот на ФИФА во Бангкок за неколку недели“ – вели Инфантино.
„Винисиус и другите се предмет на неосновани напади дури и сега во 2024 година. Мора да бидеме одлучни по тоа прашање, како што мора да бидеме одлучни и во борбата против насилството“ – вели првиот човек на светскиот фудбал.