Претседателот на ФИФА Џани Инфантино во својот говор по повод завршувањето на СП во Русија не го криеше своето задоволство од тоа како Русија го организираше овој Мундијал:
„Сакам да кажам големо благодарам на сите учесници во светското првенство. На фудбалерите кои се главните актери во овој спектакл, на тренерите кои даваа упатства, на судиите кои беа прекрасни. Благодарам на милионите обожаватели од целиот свет, кои дојдоа и гордо ги вееа знамињата на своите земји. Благодарам на Русите, на волонтерите кои работеа неуморно да биде овој шампионат толку успешен. Погледнете ги овие насмевки, тоа е лицето на Русија, Русија, на која сакаме да и се заблагодариме. Благодарам на претседателот Путин, без вас сето ова немаше да биде можно”, рече Инфантино во својот говор.
„Две нешта се случија во оваа земја во последниот месец. Прво, се покажа дека Русија е фудбалска земја. Благодарам на Станислав Черчесов и Игор Акинфеев за овие емоции кои ги подарија на своите приврзаници и на сите љубители на фудбалот. Второ, Светското првенство ја промени претставата на светот за Русија. Четири милијарди луѓе го гледаа шампионатот и сите ја видоа убавината, културното и историското богатство на Русија. Сето ова го прави светското првенство во Русија најдобро во историјата”, додаде Инфантино.