Фудбалерите од Премиер-лигата имаа средба со Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Тој ги увери играчите дека новиот меѓународен календар ќе им го намали обемот на мечеви.
ФИФА планира да воведе промени во циклусот на натпревари на репрезентациите за жени во 2024 година и за мажи во 2025 година. Разговорот со Инфантино го иницираше Унијата на играчи во Англија претставувана од ѕвездите на Манчестер Јунајтед Пол Погба и Хуан Мата како и членовите на женскиот тим на Манчестер Сити, Стеф Хотон и Луси Бронзе.
На средбата беше поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој работи за ФИФА како шеф на Одделот за глобален фудбалски развој.