Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не крие дека е загрижен поради честото насилство во аргентинскиот фудбал.
Неодамна првенствен натпревар беше прекинат по судирите во кои загина еден навивач. Потоа Полицијата употреби солзавец надвор од стадионот за време на натпреварот меѓу Гимназија Ла Плата и Бока Јуниорс на 6 октомври а луѓето во паника го напушта стадионот.
„Такви инциденти не треба да се случуваат. Фудбалот треба да биде чиста страст, радост и забава. Тоа што се случи е далеку од олицетворение на вистинските вредности на фудбалот“ – рече Инфантино.