Легендарниот шпански фудбалер, Андрес Иниеста, кој во моментов игра за јапонскиот состав Висел Кобе, се вклучи во добротворна акција за собирање на средства за настраданите од минато неделниот земјотресот кој со магнитуда од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров Хокаидо.
Тогаш 8 лица загинаа како последица на природната катастрофа а скоро 3 милиони домаќинства останаа без потребни услови за живот гледано од повеќе аспекти.
Иниеста денеска прикачи наТвитер фотографии, придружени со следниов текст: Ден на солидарност, заедно со нашите фанови да собереме средства за настраданите од земјотресот во Хокадо. Тимот и фановите заедно“.