Легендарниот шпански фудбалски репрезентативец, Андрес Иниеста, кој ги брани боите на јапонскиот состав Висел Кобе, се обиде да ги издвои најдобрите играчи што некогаш дејствувале на средината на теренот.
„Михаел Лаудруп ми беше идол од детството. Неговата техника, стилот на игра како и начинот на кој напаѓаше од средниот ред. Се обидував да бидам како него. Долго играв со Чави и го гледав многу на телевизија. Тој е мојот идеален играч бидејќи може да ги контролира натпреварите“ – вели Иниеста.
„Долго играв со Серхио Бускетс во Барселона и во шпанската репрезентација. Тој има многу значајна улога во средниот ред“ – вели Иниеста.
