Фудбалерите на Барселона и на Реал Мадрид денеска од 20.45 ќе го одиграат последното сезонско – „Ел Класико“. Мечот на „Камп Ноу“ нема значење откако Каталонците ја обезбедија титулата а „кралевите“ сите погледи ги насочија кон финалето со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Единственото прашање е дали гостите ќе направат победнички шпалир за новиот шампион иако нивниот тренер, Зинедин Зидан, изјави дека тоа нема да се случи бидејќи Барса не го направи тоа во декември кога Реал истрча како освојувач на Светскиот клупски куп.
Лео Меси и Кристијано Роналдо денеска нема да бидат во преден план .Ѕвезда на вечерта ќе биде легендарниот, Андрес Иниеста, кој за последен пат ќе го носи дресот на шпанскиот гигант на едно – „Ел класико“.