Поранешниот фудбалер на Барселона, Андрес Иниеста, кој заедно со другите ѕвезди на тимот, Чави, Пујол, Алвеш, Бускетс и Меси, успеа да освои сè што можеше, вели дека таков тим никогаш нема да се повтори.
„Не верувам дека повторно ќе има таква генерација во Барселона. Сепак, нашите успеси може да бидат достигнати. Би сакал некогаш да се вратам на „Камп Ноу“ без разлика во која улога“ – вели Иниеста кој сега настапува за јапонскиот состав, Висел Кобе.
Иниеста во дресот на шпанскиот тим одигра 674 мечеви, постигна 57 голови и направи 140 асистенции.