Андрес Иниеста, легендата на фудбалскиот состав, Барселона, ги негираше објавите дека во детството навивал за големиот ривал, Реал Мадрид.
„Дали бев навивач на Реал Мадрид? Апсолутно не. Тие кажаа многу работи за мене кои не се точни вклучително и дека потпишав преддоговор со нив“ – вели Иниеста кој за Kаталонците има одиграно 674 натпревари во периодот од 1996 до 2018 година.
Иниеста во финишот на кариерата играше за јапонскиот Висел Кобе и во Обединетите Арапски Емирати.

