Легендарниот играч на Барселона и на Шпанија, Андрес Иниеста, кој сега ги брани боите на јапонскито состав Кобе, размислува да влезе во тренерските води откакао ќе ја заврши долгата и успешна кариера.
„Тешко е да се предвиди што ќе се случува во иднина, но, како одминува времето се повеќе размислувам околу тренерската кариера” – вели 34-годишниот фудбалер.
Иниеста во дресот на Барселона зад неговото име има запишано 9 титули во Примера и 4 пехари од Лигата на шампионите додека со селекцијата на Шпанија успеа да ги освои европскиот и светскиот трон.Тој не крие дека постои желба еден ден да се врати кај Каталонците и тоа на тренерската позиција.