Искусниот репрезентативец на Шпанија, Андрес Иниеста призна дека има многу недостатоци во играта на „фуријата“, но и лично во неговиот настап на овој Мундијал. Шпанците синоќа се спасија од пораз на дуелот со Мароко и успеаја да го трасираат патот кон осминафиналето.
„Ние ја исполнивме главната задача да се пласираме во осминафиналето, а освен тоа сме први во групата, што е важно. Признавам дека имаме недостатоци во играта. Затоа е важно да се разбере дека на натпреварот против Русија треба да играме многу подобро, да направиме уште еден чекор напред во однос на квалитетот на фудбалот кои покажуваме. Ова е светско првенство, а тука нема лесни противници“, изјавил Иниеста.