Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, мора по секоја цена да обезбеди уште еден напаѓач кој ќе им биде конкуренција на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал и воедно ќе може да ја пополни празнината доколку некој се повреди.
Иако во изминатиот период често се споменува името на Марио Манџукиќ, легендарниот играч на „црвените ѓаволи“, Пол Инс, проценува дека подобро сценарио би било евентуално враќање на Златан Ибрахимовиќ.
„ Ако Ибра се врати на „Олд Трафорд“, тоа ќе биде полн погодок за сите. Ќе ги научи младите играчи и ќе има неверојатно влијание како на теренот така и надвор од него. Јунајтед има потреба од некој кој ќе ја контролира соблекувалната“ – вели легендарниот Пол Инс.