Напаѓач на Наполи Лоренцо Инсиње нема да може да му помогне на својот тим на гостувањето во Лигата на Европа на УЕФА со Спартак Москва, информираше официјалниот сајт на италијанскиот клуб.
Лоренцо Инсиње има проблеми со коленото. Во моментов не тренира со останатиот дел од тимот. Покрај тоа, Виктор Осимен, Замбо-Ангиса, Матео Политано и Алесандро Заноли дефинитивно ќе го пропуштат патувањето во Москва поради различни причини. За потсетување, во среда, на 24 ноември, Наполи гостува кај Спартак Москва во рамките на 5. коло од групната фаза од Лигата на Европа.
Во моментов клубот од Италија води во групата Ц со 7 бода, додека Спартак Москва е последен со 4 бода, и само со победа може да се врати во трка за пласман во следната фаза од ова натпреварување.