Интер се договори со Баерн Минхен за ангажирањето на Артур Видал. Клубот од Милано има можност да го откупи 31-годишниот Чилеанец.
Баварците најнапред ја побараа цената од 30 милиони евра. За Интер, сепак, тоа е премногу висока цена и затоа се договориле да има одредено намалување на оваа цена.
Минатата сезона Видал одигра 35 натпревари за Баерн Минхен, постигна 6 гола и имаше 2 асистенции.