Интер го загуби Хоакин Кореа за дербито со Милан. Репрезентативецот на Аргентина заработи повреда на натпреварот од Купот на Италија против Емполи, поради што во петокот беше подложен на опсежни лекарски прегледи. Офанзивниот играч ќе биде надвор од терените најмалку две недели.
Тоа значи дека Кореја нема да биде во тимот за градското дерби со Милан, како и за денешниот меч со Венеција.