Раководството на Интер му понуди на Мауро Икарди да се пресели во Арсенал, како дел од договорот за голгетерот на екипата од Лондон, Пјер-Емерик Обамејанг. Габонецот моментно одбива да го потпише неговиот нов договор, а сегашниот му истекува по една година.
Медиумите на Островот тврдат дека во оваа комплицирана ситуација од „Емирати“ решиле да се разделат со Обамејанг со цел да ги намалат загубите. Интер го сака Обамејанг како можна замена за Лаутаро Мартинез. Икарди во моментов игра на позајмица во ПСЖ, но најверојатно нема да остане во клубот следната сезона, иако договорот има опција да го купат за 70 милиони евра. Сепак, оваа сума се чини е неприфатливо висока со оглед на моменталната состојба. За самиот Икарди се вели дека сака да се врати во Италија и да се пресели во Јувентус, а има интерес за Аргентинецот има и кај Наполи.
Обамејанг наскоро ќе има 31 година, додека Икарди има 27 години. Покрај тоа, договорот на Обамејанг истекува за една година, додека Аргентинецот е врзан за Интер до летото 2022 година. Ова ја прави ситуацијата околу цената на двајцата различни, така што тешко може да се случи директна замена, очигледно ќе треба некој и да доплати.

