Раководството на Интер сè уште чека одговор од тренерот Антонио Конте. Тренерот ги предводеше „нероазурите“ до титулата во Серија А, но неговата иднина останува нејасна.
Првите луѓе на Интер се обидуваат да го натераат Конте да се согласи за намалување на платата, но тренерот не е особено подготвен да го стори тоа, пишува „Кориере дело Спорт“.
Во наредните денови се очекува средба меѓу претседателот на Интер, Стивен Жан и Конте. Засега, секој од не сака да го направи првиот чекор. Конте веќе се вратил во неговиот дом во Торино и чека повик од Жан.
Челниците на Интер ќе се обидат да го убедат Конте да ја намали платата, тврдејќи дека ќе биде полесно да се задржат ѕвездите во тимот. Сепак, тренерот е загрижен дека можеби тоа нема да се случи. Тој стравува дека плановите за намалување на трошоците може да доведат до продажба на Лаутаро Мартинез и Алесандро Бастони, како што се шпекулира во медиумите во Италија. Така, ситуацијата останува неизвесна во моментот, а иднината на Конте останува нејасна, а се очекува целосна разврска во наредните денови.

