Интер одлучи да не дава никакви изјави во знак на протест против судењето на мечот со Лацио кој заврши 2-2 со што драстично се намалија шансите на „нероаѕурите“ да ја освојат титулата во Серија „А.
Пеналот со кој гостите израмнија во 90-тата минута предизвика вистински скандал а двајцата тренери, Симоне Инзаги и Марко Барони, беа исклучени од главниот судија Даниеле Чифи.
Потоа ниту Симоне Инзаги, ниту играчите, ниту раководството не сакаа да проговорат пред новинарите! „Ова е нешто невидено во последниве години“, забележува италијанскиот весник Газета Дело Спорт.

