Маттео Политано и Еди Салчедо кои настапуваа како позајмени фудбалери во екипата на Интер, ќе потпишат перманентни договори со тимот од Милано. „Нероаѕурите“ сега го искористија правото и ги откупија договорите на двајцата играчи кои со нивните партии во претходната сезона го задоволија вкусот на челниците на тимот.
25-годишниот Политано кој дојде од Сасуоло, успеа да се претвори во еден од најстандардните фудбалери во редовите на Интер. Фудбалерот кој дејствува по крилната позиција се појави на 36 натпревари во Серија „А“ и успеа пет пати да се запише во листата на стрелците. Интер за него ќе плати 20 милиони евра.
17-годишниот, пак, Салчедо кој се гледа како голема перспектива на европскиот фудбал, во претходниот шампионат имше ефект од 13 голови и 4 асистенции. За неговиот потпис ќе бидат издвоени 8 милиони евра.