Италијанскиот првак Интер доцна синоќа ги промовираше двете нови засилувања, Един Џеко и Дензел Думфрис.
Босанскиот напаѓач во Милано дојде до Рома, со статус на слободен фудбалер, а со Интер потпиша договор на две сезони.
Вториот новајлија е Думфрис кој во Милано пристигна од ПСВ, за сума од околу 12 милиони евра. Бекот парафираше соработка до јуни 2025 година, а доаѓа како директна замена за Ашраф Хакими.