Интер ја активираше клаузулата за привлекување на фудбалерот од Сасуоло Стефано Сенси, пренесуват медиумите во Милано.
25-годишниот Италијанец минатата сезона ја мина на позајмица во Интер и ќе остане во клубот. Тренерот Антонио Конте беше импресиониран од квалитетите на играчот, и покрај честите повреди кои го одбележаа неговиот настап во текот на сезоната.
Договорот за трансфер ќе биде во вредност од 20 милиони евра, при што Сенси добива 2 милиони евра годишно. Во текот на изминатата сезона тој успеа да одигра 16 натпревари и постигна 3 гола во сите натпреварувања.
Сенси има и четири натпревари за репрезентацијата на Италија.