Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Интер го пречекува Порто во првата осминафинална пресметка
    Фудбал

    Интер го пречекува Порто во првата осминафинална пресметка

    risteBy riste22/02/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Интер и Порто вечерва се соочуваат на „Џузепе Меаца“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, меч кој стартува во 21 часот.

    Домаќинот Интер ќе се надева дека ќе стигне до своето прво четвртфинале од 2010/11 година, кога загуби од Шалке 04.  Од тој натпревар Интер двапати беше исфрлен во осминафиналето – во 2011/12 од Олимпик Марсеј и минатата сезона од Ливерпул. Сега тимот беше во „групата на смртта“ заедно со Баерн (Минхен), Барселона и Викторија (Плзен). Заврши зад германскиот шампион, но беше пред Каталонците и Чесите и заврши на второто место во групата. Интер на трите домашни натпревари загуби од Баварците со 0:2, но победија против Барса и Викторија Плзен со 1:0 односно 4:0. Во Серија А се на втората позиција на табелата со 47 бодови или дури 15 помалку од лидерот Наполи.

    Во своите првенствени натпревари во текот на сезоната, миланскиот гигант има десет успеси и два порази.

    Гостите од Порто настапуваат многу успешно против италијанските екипи на европските турнири под водство на Серхио Консеисао. Тие веќе ги исфрлија Рома и Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите во 2018/19 и 2020/21 година, а минатата сезона забележаа победа и нерешено против Милан во групната фаза пред да го елиминираат Лацио во Лигата на Европа. Порто сега се квалификуваа за осминафиналето на Лигата на шампионите, откако ја освоија својата група во која беа уште Клуб Бриж, Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид. На домашните натпревари најпрвин загубија катастрофално од белгискиот шампион со 0:4, но потоа славеа над Баер Леверкузен  односно Атлетико Мадрид со 2:0 и 2:1. Во португалскиот шампионат тимот го зазема второто место со 51 бод или 5 помалку од лидерот Бенфика. Токму Бенфика  му го нанее единствениот домашен пораз во првенството на Португалија во текот на сезоната, а во преостанатите девет меча има само победи.

    Интер и Порто одиграа четири меѓусебни натпревари во Лигата на шампионите, сите во 2005 година. Пролетта италијанскиот тим забележа домашна победа и реми на гости, со што победи во осминафиналето, а есента двете селекции си размениле по еден успех на свој терен во групната фаза.

    Можни состави:
    Интер: Онана, Шкрињар, Ачерби, Бастони, Дармиан, Барела; Брозовиќ, Чалханоглу, Димарко, Мартинез и Лукаку.
    Порто: Диого Коста, Жоао Марио, Пепе, Маркано, Вендел, Грујиќ, Еустакио, Андре Франко, Пепе, Тареми и Тони Мартинез.
    Судија: Срѓан Јовановиќ (Србија)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Милевски и Ристовски едногласни: Сакаме победа над Малта

    22/03/2023

    Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов

    22/03/2023

    Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте

    22/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Милевски и Ристовски едногласни: Сакаме победа над Малта
    • Ништо од боксерскиот спектакл: Усик и Фјури не можат да се договорат
    • Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов
    • Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте
    • Де Бруин е новиот капитен на Белгија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.