Интер не се откажува лесно од својата прва ѕвезда Мауро Икарди. Претседателот на Интер Ерик Тохир го процени голгетерот на тимот Мауро Икарди на 400 милиони евра.
„Нероазурите” ќе му понудат нов договор на аргентинскиот напаѓач, кој не се најде во составот на „гаучосите” за СП 2018 во Русија, и се надеваат дека ќе дојдат до износот кој ќе биде во откупната клаузула во договорот од 110 милиони евра на 150 милиони евра.
„Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра и кој сака да ја активира, ќе треба да зборува со Интер. Во Италија, тоа чини многу повеќе. Тој може да биде продаден за 300 или 400 милиони евра. Во моментов разговараме за зголемување на откупната клаузула која ќе биде 150 милиони евра”, изјави Тохир пред италијанските медиуми.