Напаѓачот на Интер, Матео Политано, може да стане играч на Фиорентина, јавуваат италијанските медиуми.
Според „Скај Спорт Италија“, „Виолетовите“ се подготвени да му понудат на играчот 30 милиони евра. Интер се согласи да го продаде, но не за помалку од 35 милиони. Страните веројатно ќе постигнат договор пред да се затвори трансфер периодот.
26-годишниот Матео Политано има одиграно еден натпревар за Интер оваа сезона.